Барселона е мој клуб, но немаше да го одбијам Реал ако добиев понуда

Прославениот бразилски фудбалер Ривалдо беше еден од омилените на навивачите на Барселона. Ривалдо, кој е еден од најдобрите фудбалери на неговото време, пет години ги помина во дресот на Барселона, а сега открива дека доколку имал можност, без многу размислување би заиграл и за Реал Мадрид. Бразилецот открива дека во тоа време би бил одличен тандем со Роналдо, со кого доминираа во бразилската репрезентација.

„Ќе беше врв ако заиграв со Роналдо во Реал Мадрид. Ќе бевме страшен тандем. Заедно игравме за Бразил и покажавме колку сме моќни, а што ли ќе беше дури ако таа хемија ја зацврстевме и на клупско ниво. Ќе немаше одбрана која немаше да се плаши од нас“, вели Ривалдо.

Бразилецот знае дека ако направел трансфер од Барселона во Реал, ќе поминел како што помина Луиш Фиго, но тоа не би му претставувало проблем.

„Во 2002 година Роналдо потпиша за Реал, а Кралевите се распрашуваа и за мене. Никогаш немаше да одбијам понуда од Реал само затоа што сум играл за Барселона. Барселона секогаш ќе биде мој клуб, но не би го одбил Реал Мадрид. Знам дека ако потпишев за Реал ќе поминев како што помина Луиш Фиго“, заклучува Ривалдо, кој во 235 меча за каталонскиот гигант постигна 130 голови.

 

- Оглас -

Најнови вести