6012 Барселона – Интер (21 ч.)
Дуел кој може да биде клучен во групата за тоа која екипа ќе биде многу поблиску до нокаут фазата во ЛШ. Пред една недела Интер победи со 1:0 во Милано и затоа има шест бода, додека Барселона само со три бода е под притисок да слави вечерва на „Камп ноу“.
Барселона петпати дома играла против Интер и каталонскиот гигант има пет победи, па домашните фанови очекуваат оваа традиција да продолжи.
Предлог тип: 1+I & 3+ (1.73)
6011 Ренџерс – Ливерпул (21 ч.)
Ренџерс не само што е без ниеден бод, туку нема дадено ниту еден гол првите три кола. Ливерпул во првенството игра очајно, па тимот на Јирген Клоп мора да се фокусира на успех во ЛШ.
Гостите имаат проблеми околу составот и поради повреди ќе ги нема Александар-Арнолд, Луис Дијаз, Артур, Матип и Чемберлејн, но, сепак, Ливерпул треба да ја потврди фаворитската улога.
Предлог тип: 2&3+ (1.80)
6013 Тотенхем – Ајнтрахт Франкфурт (21 ч.)
Двете екипи имаат по четири бода и многу е битно овој меч да не го загубат. Пред една недела во Ајнтрахт одиграа без голови.
Тотенхем ја има предноста на домашен терен, но лондончаните сигурно нема многу да ризикуваат и да напаѓаат и најважно им е да не примат гол.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.77)
6014 Викторија П’лзењ – Баерн Минхен (21 ч.)
Баерн Минхен доминира во групата и има максимални девет бода со гол-разлика 9:0. Викторија П’лзењ нема шанси ниту за третото место во групата, па ова ќе биде меч без поголемо резултатско значење, што значи дека двата тима ќе играат без притисок.
Ќе биде чудо ако Баерн не победи, а овој меч се очекува да има погодоци во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.75)
1012 Бристол сити – Престон (21 ч.)
Од 13 меча во Чампионшип, дури на 12 Престон одигра со 0-2 гола, а неверојатни 10 пати дуелите завршувале со максимум еден погодок, па не е чудо што овој тим има гол-разлика од седум дадени и само шест примени гола.
Дури и традицијата во меѓусебните дуели на овие два тима вели дека пет од последните седум меча завршиле нерешено. Бристол е во криза и во последните пет кола освои само еден бод.
Предлог тип: 0-1 I& 0-1 II (2.18)