Барселона нема намера да се откаже од планот да го купи Хулијан Алварес од Атлетико Мадрид. Единствениот проблем се парите, кои во Каталонија во моментов ги немаат бидејќи Јорганџиите посакуваат за Аргентинецот да добијат најмалку 100 милиони евра.
Оваа сума е превисока за актуелниот шампион на Шпанија, па Жоан Лапорта има план „Б“. Барселона сака да го понуди Феран Торес и дополнителни 50 милиони евра само за да го добие Алварес.
Сега на потег е раководството на Атлетико Мадрид, од каде што треба да одговорат дали има простор за ваков договор или ќе останат на ставот дека очекуваат 100 милиони евра.
Торес оваа сезона постигна 16 гола на 40-те меча на кои настапи за Барселона.

