Барселона е виновна што Дрогба пред 10 години не се сликал со Мбапе, тоа се случи синоќа

На синоќешната гала-свеченост во Париз имаше голем број ѕвезди, а покрај победникот Лионел Меси, свое шоу имаа и Килијан Мбапе и Дидие Дрогба. Некогашната ѕвезда на Челзи излезе на сцената и направи селфи заедно со Мбапе, а потоа откри зошто решил да се фотографираат заедно.

„Точно пред 10 години ми пријде едно момче кое сакаше да се фотографира со мене. Му ветив дека тоа ќе го направиме по мечот. На крајот го одбив бидејќи тоа беше дуелот против Барселона од 2009 година, кога ни беше украдена победата и пласманот во финалето од Лигата на шампионите. Толку бев лут на судиските одлуки што дури не сакав ниту да се фотографирам. Подоцна дознав дека тоа момче било Килијан Мбапе. Сега дојде време да му го исполнам ветувањето“, откри Дрогба, кој покрај Мбапе, во селфи-фотографијата ја вметна и водителката на церемонијата.

 

- Оглас -

Најнови вести