Барселона е во големи проблеми пред клучниот дел од сезоната

Во наредниот месец не очекува разврската од групната фаза на Лигата на шампионите, а најинтересно е секако во групата Ц каде што се Баерн Минхен, Барселона, Интер и Викторија Плзен.

Баерн по победите над Барса и Интер со „едната нога“ речиси и да е во наредната фаза, а голема битка ќе водат Интер и Барса.

Каталонците во наредните четири недели ќе бидат значајно ослабени бидејќи ќе остане без Роналд Араухо и Жул Кунде кои ќе отсуствуваат поради повреди.

А токму во тој период, Барса игра против Интер, Баерн Минхен (ЛШ) и Реал Мадрид во Ла Лига. Покрај тоа, неизвесен е настапот и на Мемфис Депај и Френки де Јонг кои што треба да бидат подложени на дополнителни тестови.

Во секој случај, ова се лоши вести за Чави и навивачите на каталонскиот клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести