Барселона едвај, со пресврт го победи тимот кој сезонава освои 63 бода помалку од Каталонците (Видео)

Барселона многу потешко од очекувањата славеше на гостувањето кај Валјадолид во меч од 34 коло на шпанското првенство. Со оваа победа, каталонскиот гигант дојде до 79 бодови и сега има седум повеќе од Реал Мадрид кој во ова коло игра против Селта Виго на „сантијаго Бернабеу“.

Тренерот на Барселона Ханси Флик реши на дуелот против Валјадолид да стартува без неколку стандардни првотимци, па на клупата за резерви останаа Рафиња, Јамал, Олмо, Де Јонг… По повеќе од 200 дена пауза, на голот на Барселона се врати Марк Андре тер Штеген, но Германецот немаше убаво враќање меѓу стативите.

По само шест минути од почетокот на мечот, Валјадолид даде гол за 1:0 кога санчез донесе радост за домашните фанови. Барселона делуваше немоќно во првото полувреме и не успеа да постигне гол.

Од клупата за резерви потоа влегоа Јамал, Рафиња, Де Јонг, Олмо и тоа донесе резултат. Во период од 54 до 60 минута Барселона постигна два гола.

Најпрво Рафиња  биеше прецизно и израмни на 1:1, а потоа на сличен начин, со прецизен шут, Лопес погоди за водство на Барселона од 2:1 и до крајот на мечот ја сочува предноста и стигна до победа во дуел со екипата која е убедливо најслаба во шпанското првенство оваа сезона и има освоено само 16 бодови, што значи дека сигурно ќе испадне од елитното друштво.

 

- Оглас -

Најнови вести