Ефес Пилсен се пласираше на кошаркарскиот фајнл фор во Евролигата, откако со 3:2 ја елиминираше Барселона. Во решавачкиот петти меч, турскиот тим на свој терен беше успешен и славеше со 80:71. Со оваа победа, Ефес си обезбеди место на завршницата која сезонава ќе биде во Виторија.
Во полната сала „Абди Ипекчи“, Барселона подобро го отвори мечот и по првите 10 минути имаше водство од 28:23. Ефес во втората четвртина одигра многу подобро и негативата од пет поени, ја претвори во позитива од пет поени на полувреме (47:42). Во второто полувреме Барсеона во ниту еден момент не успеа да дојде во водство, а Ефес успешно го приврши мечот за голема радост на домашните фанови.
Фајнл форот во Виторија ќе се игра од 17 до 19 мај, а Ефес со овој триумф си обезбеди дуел со градскиот ривал Фенербахче. Во второто полуфинале ќе играат ЦСКА Москва и Реал Мадрид.