Барселона фрли 200 милиони евра за Гризман, а сега го пушти да си оди за 20 милиони

Шпанскиот тим Атлетико Мадрид и официјално го ангажираше Антоан Гризман од Барселона, потпишувајќи четиригодишен договор со францускиот репрезентативец.

Гризман во Атлетико игра од минатата сезона на позајмица која предизвика големи контроверзи поради клаузулата според која „јорганџиите“ ќе мораа да и исплатат голема сума на пари доколку Французинот одигра одреден број на минути.

Во Атлетико пресметаа дека ако Гризман игра на последните 30 минути на секој натпревар, тогаш нема да се активира клаузулата и тимот нема да биде обврзан да го откупи неговиот договор.

Каталонскиот тим се закануваше со тужба бидејќи претседателот Жоан Лапорта по ниту една цена не го сака Гризман во тимот поради големата плата од 26 милиони евра, но на крајот попушти и одлучи да го продадат на Атлетико за само 20 милиони евра.

Најголем губитник во целиот случај е Барселона бидејќи на Гризман досега потроши околу 200 милиони евра. Каталонскиот тим во 2019 година токму од Атлетико го купи Французинот за 120 милиони евра, а потроши околу 78 милиони евра за плата во изминатите три години.

- Оглас -

Најнови вести