Седмото коло во кошаркарската Евролига започнува вечерва, и тоа со четири интересни дуели. Дербито ќе се игра во Атина, каде што Олимпијакос ѝ е домаќин на Барселона. Грчкиот тим има три победи и три порази, но факт е дека кога игра на домашен терен, Олимпијакос секогаш е фаворит.
На последните 10 дуели меѓу Олимпијакос и Барселона, двата клуба имаат по пет победи, но според коефициентите на Sport Life, грчкиот тим е голем фаворит за победа.
Иако играат на гостински терен, Анадолу Ефес и Реал Мадрид треба лесно да стигнат до победи на гостувањата кај АЛБА Берлин, односно Макаби Тел Авив.
Над 94 понуди има за игрите „плус-минус“ поени, скокови и асистенции за кошаркарите кои вечерва треба да се појават на терените во Евролигата.