Шпанскиот првак Барселона ги собра почестите на изборот за фудбалски награди Глобал“ во Дубаи. Каталонскиот гигант добинираше во шпанскиот фудбал, па не е ни чудо што најважните награди завршија во тимот на Барселона.
Ханси Флик е избран за најдобар стратег, додека Ламин Јамал е најдобриот фудбалер за играчи до 23 години. Играч на сезоната во шпанското првенство е Рафиња, а најдобар тим е Барселона.
„Ова е огромно признание за Барселона. Играме забавен и атрактивен фудбал, а воедно се натпреварување со нашиот најголем ривал. Имаше и тешки моменти, но успеавме да ги надминеме“, рече претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.
Една од малкуте награди кои не завршија во Барселона е таа за најдобар голман, а тоа признание е за чуварот на мрежата на Атлетико Мадрид, Јан Облак.

