Барселона ги презеде првите мерки со фарсата со билетите – Ајнтрахт го бодреле над 30 илјади фанови

Барселона доживеа елиминација од Ајнтрахт Франкфурт, но на „Камп Ноу“ се случи навивачки дебакл за каталонскиот тим.

Германскиот претставник беше бодрен од повеќе од 30 илјади навивачи на стадионот и практично имаше еднаква, ако не и поголема поддршка, а од Барселона веќе започнаа истрага и ги презедоа првите мерки.

34.440 билети биле на попуст од 50 одсто за членовите на Барселона, односни тие кои што плаќаат одредена сума на пари за да добијат попусти за сè поврзано со Барселона. Сето тоа се случило 24 часа пред истите овие тикети да бидат пуштени во генерална продажба, но тие биле забранети за германската јавност.

„Тие 34.440 билети кои што клубот ги стави на продажба беа на 50 одсто попуст за навивачите кои што се членови во Барселона, пред да бидат пуштени во генерална продажба.

Тие беа забранети да се купуваат од Германија, но токму билетите завршија во рацете на навивачите на Ајнтрахт. Клубот не ги продаде тие на нив, туку на сосема други лица, кои што кривично ќе одговараат за препродажба на билети“ изјави Жоан Лапорта, претседателот на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести