Можно ли е сагата да продолжи? Барселона го блокира трансферот на Меси во ПСЖ

Барселона се обидува да го спречи трансферот на Лионел Меси во Пари Сен Жермен, објави „Марка“, а адут им е извештајот за Финанскиот фер-плеј.

Каталонците како што објавува реномираниот шпански медиум веќе испратија и жалба со документи како поткрепа за злоупотреба на ФФП од страна на парижани.

„Извештајот и билансот на ПСЖ е полош од нашиот“, изјави доктор Хуан Бранко, кој е вклучен во целиот процес од страна на Барселона.

Во сезоната 2019/20 ПСЖ искористил дури 99 посто од приходите за плати на играчите, додека кај Барселона процентот е 54, тврди Бранко.

Во Барселона се надеваат дека жалбата ќе го блокира трансферот на Меси во ПСЖ, а веќе подолго време има критики за ФИФА и УЕФА и од други клубови, кои се сомневаат дека им се прогледува низ прсти на клубовите што имаат богати шеици за сопственици.

Секако во прв план се ПСЖ и Манчестер сити, кои немаат проблеми со пари, но и не го почитуваат Финанскиот фер-плеј што го воведоа ФИФА и УЕФА.

Според најавите Меси би требало да потпише двегодишен договор за ПСЖ, вреден вкупно 70 милиони евра, а Аргентинецот веќе одбра и број на дресот во новиот клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести