Фудбалерите на Барселона забележаа нова победа со која дојдоа на +7 од вечниот ривал, Реал Мадрид, кој утре гостува кај Валенсија.
„Каталонците“ со убедливи 3-0 славеа над Мајорка, иако според играта лесно можеше да биде и многу поубедливо.
Роберт Левандовски во 29-тата минута го отвори резултатот, Ламин Јамал во 61-вата минута зголеми на 2-0, а конечните 3-0 ги постави Марк Бернал во 83-тата минута.

