Барселона го доби случајот со нивната ексѕвезда Нејмар откако Бразилецот го тужеше клубот во 2017 година за неисплатени бонуси во вредност од 43,6 милиони евра. Судот пресуди во корист на Каталонците, а Нејмар не само што нема да ги добие парите кои ги бараше, туку ќе мора да врати 6,7 милиони евра.
Износот кој го бараше ѕвездата на ПСЖ е бонус кој требаше да го добие тековно по последното продолжување на договорот со Барселона во 2016 година. Тужбата ја покрена набрзо по рекордниот трансфер во Париз вреден 222 милиони евра.
Додека траеше случајот, таткото на Нејмар, воедно и негов агент, неколкупати ја нападна управата на Барселона обвинувајќи ги за поткуп, дури и бараше суспензија за Каталонците и забрана за настап во Лигата на шампионите поради тоа што не го платија бонусот.
https://twitter.com/FCBarcelona/status/1273945969969827840