Барселона го избра наследникот на Чави, доаѓа од Премиер лигата и не е Клоп

Управата на Барселона се помири со податокот дека Јирген Клоп е невозможна мисија за претстојниот летен преоден рок, а своето внимание го насочи кон менаџерот на Брајтон, Роберто де Зерби.

Според новинарот Хави Мигел, кој ретко греши кога станува збор за информации поврзани со Барселона, претседателот Жоан Лапорта и спортскиот директор Деко, дале зелено светло да се тргне по потписот со Де Зерби.

Агентите на Де Зерби неделава претстојувале во Барселона и имале средба со Лапорта и Деко која траеле повеќе од три часа и на која челниците на шпанскиот тим сфатиле дека Италијанецот кој го води Брајтон, е најдобра опција во овој момент.

Де Зерби идеално се вклопува во филозофијата на Барселона, Италијанецот форсира офанзивен фудбал со голем посед на топката и висок пресинг.

Наводно, овој потег на челниците на Барселона го поздравил и менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола.

Според Мигел, условот за Де Зерби да пристигне на „Камп Ноу“ е само еден, Барселона мора да ја плати откупната клаузула која изнесува 10 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести