11.8 C
Skopje
вторник, 7 октомври 2025

Барселона го избрка, но сега статистички е најдобриот напаѓач во Европа

Барселона во летниот трансфер-период со крајни напори се ослободи од Ансу Фати и го испрати на позајмица во Монако, со можност Французите да го откупат неговиот договор.

Но, се чини дека 22-годишниот Шпанец конечно ќе си ја оживее кариерата. Фати на пет меча за Монако во сите натпреварувања постигна шест гола, а само еднаш играше 90 минути.

Статистички, ако се земат предвид одиграните минути и бројот на голови, тогаш Ансу Фати во моментов е напаѓач број еден во Европа. Шпанецот постигнува гол на секои 42 минути на теренот, а зад него се Хари Кејн со гол на секои 57 минути, па Влаховиќ (63), Мбапе (67), Халанд (68) …

- Оглас -

Најнови вести