32.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Барселона го надмина Реал во една неверојатна статистика

Барселона го растури Еибар со 5:0 и со трите освоени бодови Каталонците повторно се најдоа на врвот на табелата во Примера. Освен што го прескокнаа Реал на актуелната табела, Барселона го надмина вечниот ривал и во една неверојатна статистика.

Гигантот од „Камп Ноу“ стигна до 6.151 погодок во историјата на шпанското првенство и за еден гол го надмина Реал Мадрид. Мадриѓани имаат дадено 6.150 голови, што значи дека Реал вечерва на гостувањето против Леванте ќе има уште еден мотив повеќе да постигне барем два гола, односно повторно во своја сопственост да го врати рекордот по бројот на дадени голови во првенството.

 

- Оглас -

Најнови вести