5.8 C
Skopje
сабота, 13 декември 2025

Барселона го направи најбаналниот офсајд и не може да даде гол против најслабиот гостински тим (Видео)

Барселона и Осасуна одиграа без голови во првото полувреме на „Камп Ноу“ во меч од 16 коло на шпанското првнство. Каталонскиот гигант е голем фаворит, но по првите 45 минути не го скрши отпорот на гостите.

Осасуна во Барселона допатува како најслаб тим на гостински терен сезонава. Тимот од Памплона кога игра на гости сезонава освои само два бода од осум средби, што е најмалку од сите екипи.

Барселона преку Феран Торес постигна гол во 23 минута, но беше поништен поради офсајд и тоа направен во почетокот на акцијата. Беше досуден корнер за Барселона, а Рафиња и Јамал одиграа како почетници и го направија најбаналниот офсајд во фудбалот, нешто што се учи во младинските категории дека не треба да се прави, па ВАР системот тоа го забележа и беше поништен погодокот.

Јамал го изведе корнерот, а Рафиња веднаш му ја врати топката на соиграчот кој беше во офсајд.

Еве за колку беше Рафиња во офсајд.

Офсајд

- Оглас -

Најнови вести