6.8 C
Skopje
недела, 19 октомври 2025

Барселона го објави финансискиот извештај: Трансферите се најголемиот проблем

Барселона и официјално го објави финансискиот извештај за минатата сезона, како и буџетот за оваа, а и двата документи се прифатени од шпанските власти и од Ла Лига.

Она што може да се забележи е дека клубот должи 159 милиони евра за трансфери од претходните години, а дури 140 милиони евра ќе мора да ги плати во најкраток можен рок.

Дури 78 милиони евра се за трансферите кои се реализирани во 2022 година, па така за Рафиња должат уште 42 милиони евра, а за Кунде уште 25 милиони евра.

Тука е и долгот од 11 милиони евра кон Баерн Минхен за Роберт Левандовски, но и 18 милиони евра за трансферот на Дани Олмо.

Интересно е што „каталонците“ му должат на Палмеираш 17 милиони евра за Витор Роке, а Бразилецот веќе се врати во претходниот клуб како позајмен.

- Оглас -

Најнови вести