Барселона го одбра новиот тренер

Чави Ернандес неодамна најави дека ќе си замине од тренерската функција во Барселона, што значи дека каталонскиот гигант во новата сезона ќе добие нов предводник. Одлуката на Чави да си замине е поради лошите резултати поради кој многу е веројатно дека Барселона сезонава ќе остане без ниту еден освоен трофеј.

Чави за тренер беше назначен во ноември 2021 година и има договор до јуни 2025 година, но сепак ќе си замине една година порано. Веќе одреден период е актуелна „лицитацијата“ за тоа кој ќе биде наследник на Чави, а мадридскиот весник „Ас“ денеска открива дека е донесена одлука и дека нов тренер ќе биде Роберто де Зерби.

Овој стратег кој моментално е на чело на англискиот премиерлигаш Брајтон е прв фаворит за тренер на Барселона. Де Зерби со Брајтон победи на 16 од 36-те меча, а иако има договор со англискиот тим до јуни 2026 година, Барселона ќе најде начин како да го „украде“.

Пред Брајтон, Де Зерби кој има 44 години, беше тренер на Шахтар, Сасуоло, Беневенто, Палермо и Фоџа.

- Оглас -

Најнови вести