Раководството на Барселона доби дозвола од локалните институции за враќање на „Камп ноу“, но тоа нема да се случи оваа година, како што беше предвидено, туку следната.
Каталонците веќе продаваат билети за дуелот против Аталанта од Лигата на шампионите, кој треба да се одигра на 29 јануари, но за „Олимпискиот стадион“, а не за „Камп ноу“.
Градските власти одлучија дека Барселона може да почне да игра на „Камп ноу“ дури на втори февруари, кога на програмата е мечот од 22-рото коло од Ла Лига против Алавес. Сепак, и тогаш стадионот нема да биде готов, па капацитетот ќе биде лимитиран.