Барселона го отпушти тренерот на кошаркарската екипа

Рожер Гримау не е повеќе тренер на кошаркарската екипа на Барселона, откако „каталонците“ денес информираа дека ја прекинале соработката со тренерот. Тој минатото лето беше прекомандуван од младинската академија во сениорската екипа, но сезонава успеа да стане само шампион на Каталонија, нешто што не е доволно за екипа како Барселона.

Тоа значи дека „каталонците“ после седум години останаа без голем трофеј. Барселона во Купот и првенството на Шпанија загуби од Реал Мадрид, а во Евролигата беше елиминирана од Олимпијакос во четвртфиналето.

Во моментов не е познато кој ќе биде наследникот на Гримау на клупата на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести