Барселона славеше со 2:0 на гостувањето кај Еспањол во меч од 36-тото коло на шпанското првенство и на тој начин заврши приказната околу тоа кој клуб ќе биде првак на Шпанија. На две кола до крајот од првенството, Барселона има седум бода пред вечниот ривал Реал Мадрид и тоа е доволно да започне славењето за 28-мата титула во домашното првенство.
Тинејџерот Ламин Јамал, кој впрочем ја одбележа оваа сезона, ја најави победата на теренот на Еспањол. Тинејџерот кој е фудбалски феномен, постигна фантастичен погодок во 53-тата минута за водство на Барселона од 1:0 на теренот на Еспањол.
Се играше судиското продолжение кога Фермин погоди за 2:0, што беше потврда кој е најдобар во Примера дивисион.
Барселона е тимот кој сезонава доминираше во шпанскиот фудбал. Покрај трофејот во првенството, Барселона сезонава веќе се радуваше и на трофеите во Купот на Шпанија и Суперкупот на оваа земја.