Барселона го победи Наполи, Елмас и против шпанскиот првак го покажа талентот (Видео)

Барселона го победи Наполи со 2:1 во контролен меч одигран во Мајами. Серхио Бускетс и Иван Ракитиќ беа стрелци на головите за каталонскиот гигант, додека погодокот на Наполи, всушност беше автогол на Умтити. Во стартниот состав на Наполи беше и македонскот репрезентативец Елиф Елмас кој одигра 58 минути, а потоа беше заменет.

Напосредно пред да излезе од игра, Елмас беше жестоко фаулиран од Бускетс, кој ја носеше капитенската лента на овој меч за Барселона. Нашиот репрезентативец сакаше да прими една топка во својот шеснаесетник, кога директно на левата нога на Елмас стартуваше Бускетс и го повреди. Со болна гримаса на лицето, Елиф го напушти теренот, но се надеваме дека не се работи за посериозна повреда. До тој момент, Елмас одигра одлично против големиот фаворит.

Токму Бускетс беше играчот кој го отвори резултатот на стадионот во Мајами. Во 38 минута доби една топка и од околу 17 метри биеше прецизно по земја за 1:0 за Барселона. Само четири минути подоцна беше 1:1. Каљехон одлично прифати една топка во шеснаесетникот на Барселона, биеше, а Умтити сакајќи да ја расчисти опасноста, ја погоди сопствената мрежа.

Клучниот момент за победа на Барселона се случи во 79 минута, кога Ракитиќ со прецизен шут го матираше голманот на калчолигашот, за 2:1, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Овие две екипи за два дена ќе одиграат уште еден пријателски меч во САД.

https://youtu.be/fGWWN_RJUI4

- Оглас -

Најнови вести