Барселона го понижи Реал во Мадрид, по само пет минути го водеше со 22 разлика

Барселона по трет пат во само два месеци го победи големиот ривал Реал Мадрид, на кошаркарски терен. Каталонците во декември славеа дома со 93:80 во меч од Евролигата, потоа пред неполни 20 дена се радуваа во Мадрид со 85:75 се радуваше во Мадрид во дуел од домашното првенство, а вечерва повторно во Мадрид победи со убедливи 86:68, во Евролигата.

Уште од самиот почеток Барселона заигра фуриозно и поведе со неверојатни 24:2 и мадриѓани до крајот на дуелот не успеаа да се вратат од нокаутот. Во втората четвртина, Барселона имаше водство од 26 разлика (38:12) и до крајот на мечот, Кралевите во ниту еден момент не успеаа да се вратат барем на едноцифрена негатива.

И во останатите два меча одиграни вечерва во Евролигата, победија гостите. Црвена ѕвезда изненади кај Уникс Казан и триумфираше со 84:77, додека Панатинаикос го победи Лион во Франција со 76:63.

- Оглас -

Најнови вести