Барселона го постигна првиот гол од слободен удар по заминувањето на Меси (Видео)

Барселона загуби од Арсенал во голеадата во Лос Анџелес со 5-3, но Рафиња ќе го памети овој натпревар бидејќи го постигна првиот гол од слободен удар за Каталонците по заминувањето на Лео Меси. Тоа значи дека фудбалер на Барселона постигна погодок директно од слободен удар точно по 816 дена.

Последниот погодок беше дело на Лео Меси на 2 мај 2021 година против Валенсија.

Намерата на Бразилецот не беше да шутира директно, но поради грешката на одбраната на Арсенал, топката завши во голот.

- Оглас -

Најнови вести