Барселона го претстави 19-годишниот тинејџер

Жан-Клер Тодибо е нов играч на Барселона. Младиот француски дефанзивец синоќа го комплетираше договорот со каталонскиот гигант и уште денеска ќе се приклучи на новиот тим. Тодибо го одбра дресот со бројот 6, кој го има носено легендарниот Чави Ернандес, а по него „шестката“ беше резервирана за Дани Алвес и Денис Суарес, кој вчера го комплетираше трансферот во Арсенал.

Тодибо е 19-годишен дефанзивец кој доаѓа од редовите на Тулуз. Првично, трансферот требаше да биде комплетиран за Тодибо да се приклучи на Барселона по завршување на оваа сезона. Сепак, проблемите кои шпанскиот првак ги има во одбраната, но и фактот дека играчот ќе беше само резерва во Тулуз поради одбивањето да го продолжи договорот, направи реализацијата на овој договор да биде уште сега.

Договорот е потпишан на четири и пол години, што значи дека Тодибо ќе остане на „Камп ноу“ до јуни 2023 година. Денеска во 12:15 часот ќе биде фотосесијата на „Камп ноу“, а во 13 часот и прес-конференцијата на која новиот играч на Барселона ќе ја има својата промоција.

- Оглас -

Најнови вести