Миралем Пјаниќ и официјално беше претставен како нов играч на Барселона. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина гордо позираше со новиот дрес, на кој стои бројот осум. Тоа е бројката која до неодамна ја носеше легендарниот Андрес Иниеста.
https://twitter.com/i/status/1305836401490092033
Токму Иниеста заедно со Чави повеќе од една деценија беа „мозокот“ во играта на Барселона, а сега Пјаниќ се најавува како новиот „диригент“ во играта на каталонскиот гигант.
INTRODUCING@Miralem_Pjanic
TODAY AT 1PM CEST
Live on Barça TV+https://t.co/valpk3pEiV pic.twitter.com/fZvoSXiCcU
— FC Barcelona (@FCBarcelona) September 15, 2020
Пјаниќ, кој дојде од тимот на Јувентус, се договори да остане на „Камп ноу“ во следните четири сезони.