28.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

Барселона го продаде Витор Роке во Палмеирас

Барселона објави дека постигнала договор за продажба на Витор Роке во Палмеирас. На неговиот 20-ти роденден, бразилскиот напаѓач се враќа во татковината, искористувајќи го фактот дека тамошниот трансфер пазар сè уште е отворен. Според неофицијални информации, зделката изнесува 25,5 + 5 милиони евра. Палмеирас го потврди трансферот.

Роке се приклучи на шпанскиот гигант пред една година со трансфер од Атлетико ПР, но не успеа да се наметне. Минатото лето Барса го позајми на Бетис, каде што исто така не беа задоволни од неговите настапи, поради што сега дадоа согласност за неговата продажба во Палмеирас.

За да дозволат реализирање на трансферот, Бетис успеа да издејствува од каталонците да се откажат од 30% од своите 50% од сумата од евентуалната продажба на Ез Абде.

- Оглас -

Најнови вести