28.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Барселона го „растури“ Реал Мадрид – „Камп ноу“ беше сведок на историја во женската ЛШ (ФОТО)

Екипата на Барселона со 5:2 го „тресна“ Реал Мадрид во женското фудбалско Ел Класико од четврт-финалето во Лигата на шампионите.

Дамите од Каталонија уште по првата средба од Мадрид имаа предност од 3:1, а на оваа само ја потврдија доминацијата во однос на Кралскиот клуб. За тоа да биде уште повпечатливо, се погрижија 91.553 навивачи коишто беа на „Камп ноу“, што е нов рекорд на посетеност во женскиот фудбал.

Мапи Леон во осмата минута донесе водство за Барса, додека на 1:1 израмни Олга Кармона пред крајот на првиот дел. Изненадувачки, Реал дојде до предност од 1:2 преку Клаудија Зорноза (48′), но следуваше одговор од домаќините.

Атијана Бонманти (52′), Клаудија Пиња (55′), Алексија Путељас (62′) и Каролин Хансен (70′) стрелаа за огромна радост на полниот „Камп ноу“.

Во наредната, полуфинална фаза, Барселона ќе го сочека подобриот од Арсенал и Волфсбург, а по првиот меч во Англија, резултатот е 1:1.

- Оглас -

Најнови вести