Бразилскиот фудбалер Паулињо и официјално си замина од Барселона, а негов нов клуб ќе биде кинескиот Гуангжу. Паулињо уште минатата сезона замина под наем во кинескиот тим, со можност да го откупи трансферот. Само што започна јануарскиот преоден рок, Кинезите не чекаа и решија да го откупат договорот на Паулињо.
Бразилскиот репрезентативец кој не се снајде кај каталонскиот гигант, сега е третиот најскапопродаден фудбалер. Гуангжу за него плати 42 милиони евра. Поскапо продадени играчи од Паулињо се само Нејмар во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра и Фиго, за кого во 2000 година, Реал Мадрид плати 60 милиони евра.