2.8 C
Skopje
четврток, 25 декември 2025

Барселона го сака Марк Гехи како замена за повредениот Кристенсен

Барселона сериозно ja разгледува можностa да го доведе англискиот репрезентативен дефанзивец Марк Гехи како замена за Данецот Андреас Кристенсен, кој е повреден и ќе паузира неколку месеци поради делумно скинати лигаменти на левото колено, објави каталонскиот весник „Спорт“.

Лидерот на Ла Лига планира да го ангажира Гехи веќе во јануарскиот преоден рок, а медиумите истакнуваат дека тој е фаворит на спортскиот директор Деко. Сепак, се очекува Кристал палас да не сака лесно да се раздели со еден од своите клучни играчи во средината на сезоната.

Гехи ваа сезона во Премиер лигата има одиграно 16 натпревари, има постигнато два гола, има забележано две асистенции и девет удари кон голот, при што заработил три жолти картони и има 1.632 минути игра.

Трансферот нема да биде едноставен бидејќи за него сериозно се интересира и Баерн Минхен. Доколку Гехи се одлучи за Бундеслигата, Барселона би се насочила кон алтернативи како Нико Шлотербек од Борусија Дортмунд или Пау Торес од Астон Вила.

Пред почетокот на сезоната, Гехи беше многу блиску до трансфер во Ливерпул, но договорот пропадна во последен момент.

- Оглас -

Најнови вести