Барселона доживеа неочекуван пораз од Виртус Болоња со 75:83 на свој терен во меч од Евролигата, по само три дена откако го победија Реал Мадрид во „Ел Класико“ во домашното првенство.
Каталонците беа апсолутни фаворити против италијанскиот тим, но не најдоа победнички рецепт за разиграните гости.
Ги предводеше Лундберг со 20 поени, а веднаш до него беше Ојеџеле со 14 поени.
https://twitter.com/EuroLeague/status/1611106770147053570?s=20&t=QbmlphR5FGs1IDCOQbwxbA
Барселона потфрли и успеа да добие само една четвртина, втората со 24:16 и само петпати во текот на мечот имаше предност.
Јан Весели со 12 поени беше најефикасен кај Барселона, која сепак може да остане на делба на првото место теоретски со дури уште четири екипи кои би имале ист биланс на победи и порази од 11-6.
Во останатите денешни мечеви што веќе завршија Алба ја победи Басконија со 85:84, Жалгирис го декласира Фенербахче со 86:66, а и Баерн беше убедлив и го победи Панатинаикос со 84:68.
Во тек е мечот меѓу Партизан и Монако.