3001 Јувентус – Лече (20:45 ч.)
По малку нетипична е ситуацијата Јувентус да биде зад Лече на табелата во Серија А, но сега е токму така. Старата дама на свој терен е домаќин на најпријатното изненадување во лигата. Лече нема ниту еден пораз (три победи и две ремија) и само со четири примени гола ја има втората најдобра одбрана.
Јувентус се радувал на последните три пресметки со овој ривал, а на пет од последните седум меча немало повеќе од два гола.
Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.72)
1302 Севиља – Алмерија (19ч.)
Севиља лошо започна со три порази, но сега полека влегува во препознатлив ритам. Алмерија е противник по мерка затоа што тоа е единствениот тим без победа во првенството и е на дното на табелата.
Во последните девет меѓусебни дуели Севиља има седум победи, еден пораз и едно реми. Дури шестпати било со голови во двете мрежи, што е само најава дека треба да се очекува натпревар со повеќе погодоци.
Предлог тип: 1-1&3+ (3.65)
1301 Мајорка – Барселона (21:30 ч.)
Мајорка е еден од најомилените противници на Барселона. Каталонскиот гигант има дури 11 победи по ред кога игра со овој ривал, а Мајорка само еднаш одиграла нерешено во последните 14 дуели.
Во оваа низа од 11 победи на Барселона, дури осум меча биле барем со три погодоци, па и вечерва може да се очекуваат голови.
Предлог тип: Т2 1+I &1+II (2.40)
1107 Манчестер јунајтед – Кристал палас (21 ч.)
Во дуел од 16-финалето на Лига купот на Англија, домаќинот е фаворит на овој меч. Манчестер јунајтед е бранител на трофејот, но Кристал палас е ривал кој знае да биде незгоден за Црвените ѓаволи. Во последните 10 меѓусебни дуели, Манчестер има пет победи, Кристал палас има три триумфа, а два меча завршиле нерешено.
Овие куп-мечеви често се решаваат и само со еден потег, па на „Олд Трафорд“ може да има неизвесен дуел.
Предлог тип: 0-2 (2.00)
1951 Истанбулспор – Галатасарај (19 ч.)
Заостанат меч од третото коло, а многу попознатиот тим од градот на Босфорот е фаворит за победа. Истанбулспор уште нема победа (две нерешени и два порази), додека Галатасарај има четири победи и едно реми, па атакува на нови три бода со кои ќе излезе на врвот на табелата.
Галатасарај има седум победи во последните осум меѓусебни дуели, а на девет од последните 11 дуели имало 3+ голови.
Предлог тип: ГГ3+ (1.83)