Барселона гостува на теренот на којшто пет и пол години нема победа!

Барселона на убедлив начин стартуваше во новото првенство во Примера откако со 4:0 славеше над Вилјареал со голови дадени во првото полувреме. Каталонскиот гигант вечерва има нов предизвик, и тоа на гостински терен. Тимот на Роналд Куман гостува во Виго кај Селта.

Според коефициентите, Барселона е голем фаворит за триумф, но обложувачите кои сакаат да го играат овој дуел, мора да внимаваат на една работа, а тоа е ТРАДИЦИЈАТА. Според резултатите од последните пет сезони, за Барселона е кошмар гостувањето кај Селта.

Три порази и две нерешени средби е билансот на Барселона во последните пет сезони во Виго. Сепак, Селта сезонава ја нема силата од претходно, иако факт е дека тимот од Виго по првите две кола е со победа и две ремија. Последен пат Барселона кај Селта во Виго победи на 5 април 2015 година, и тоа минимално со 1:0.

ПОСЛЕДНИ ПЕТ МЕЧА НА БАРСА ВО ВИГО

Селта – Барселона 2:2

Селта – Барселона 2:0

Селта – Барселона 2:2

Селта – Барселона 1:1

Селта – Барселона 4:3

 

- Оглас -

Најнови вести