Барселона и Арсенал ќе поминат во четвртфиналето, серијата на Ал-Хилал ќе продолжи (Фото)

6003 Барселона – Наполи (21:00)

Екипата на Барселона со серија од осум натпревари без пораз во сите натпреварувања влегува во дуелот против Наполи во Лигата на шампионите. Каталонците никогаш немаат загубено од Наполи во официјален натпревар, а вечерва ќе им треба победа за да се пласираат во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Двете екипи беа шампиони на своите земји минатата сезона, но во првенството не им оди според планот. Сепак, Барселона е во топ три во Шпанија во моментов, а Наполи е далеку од местата коишто водат во Европа.

Предлог тип: 1 & 1+ пол. (2.30)

 

6001 Арсенал – Порто (21:00)

Премиерлигашкиот лидер Арсенал е апсолутен фаворит во дуелот против Порто, но ќе треба да надомести негатива од еден гол од првиот натпревар во осминафиналето на Лигата на шампионите. На последните два натпревари кои Арсенал ги одигра на домашен терен против Порто победи со 5-0 и 4-0.

Предлог тип: Т1 1-3I & 1-3II (1.96)

 

1011 Бирмингам – Мидлсборо (20:45)

На единствениот натпревар од англиската Чемпионшип дивизија кој ќе се одигра вечерва се среќаваат два поранешни члена на Премиер лигата, Бирмингам и Мидлсборо. Двете екипи се во врвот по бројот на голови кој се постигнува на нивните натпревари, па очекувањата се дека и вечерва ќе биде ефикасно.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.88)

 

5624 Ал-Итихад – Ал-Хилал (20:00)

Ал-Наср и Кристијано Роналдо испаднаа од азиската Лига на шампиони, но Саудиска Арабија сигурно ќе има еден полуфиналист. Ал-Итихад и Ал-Хилал вечерва ќе го одиграат реванш-натпреварот од четвртфиналето, а гостите влегуваат како големи фаворити во овој меч. Првиот натпревар го добија со 2-0, а во пресрет на денешниот натпревар имаат неверојатна серија од 30 натпревари на коишто победиле, односно 38 натпревари без пораз.

Предлог тип: Х2 & 3+ (2.07)

 

1898 – Сарбрикен – Менхенгладбах (20:30)

Бундеслигашот Борусија Менхенгладбах ја има фаворитската улога против третолигашот Сарбрикен во Купот на Германија, натпреварување кое често знае да донесе големи изненадувања. Токму затоа за очекување е вечерва да се затресат двете мрежи, а гледачите да видат голем број погодоци.

Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (2.15)

- Оглас -

Најнови вести