Барселона и Астон вила ќе победат, голови ќе има во Италија и Белгија (Фото)

1009 – Астон Вила – Вест Хем (17:30)

Екипата на Астон вила е во неверојатна серија од 10 победи по ред на домашен терен во Премиер лигата. Последни пет победи како домаќин, екипата на Астон Вила ги оствари постигнувајќи по најмалку два погодоци, а така завршија дури осум од 10-те победи кои ги има во серија како домаќин. Екипата од “Вила парк“ и според пласманот на табелата е голем фаворит против Вест хем, со огледа на тоа дека со евентуална победа ќе се вивне кон позициите кои водат во Лигата на шампионите и на само два поени помалку од лидерот Манчестер сити.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (2.10)

 

1309 – Барселона – Атлетик Б. (21:00)

Фудбалерите на Барселона ја имаат фаворитската улога во дуелот против Атлетик Билбао и ќе мора да победат за да го искористат синоќешниот кикс на Реал Мадрид. “Каталонците“ ги добија последните три меѓусебни дуели против Атлетик, а клубот од Баскија последен пат се радувал на Ноу Камп во далечната 2001-ва година.

Предлог тип: 1 & 2-5 (2.12)

 

3007 – Аталанта – Џенова (18:00)

Екипите на Аталанта и Џенова сезонава имаат различни амбиции и во моментов се наоѓаат на различни страни на табелата во Серија А. Аталанта е при самиот врв и ќе се бори за пласман во Лигата на шампионите, додека примарна цел за Џенова е опстанок во лигата. И двете екипи доколку сакаат да ги остварат амбициите кои ги имаат ќе мора да нападнат, а четири од шестте последни меѓусебни дуели на овие две екипи завршиле со најмалку три погодоци.

Предлог тип: 1+I&3+ (2.25)

 

3008 – Милан – Јувентус (20:45)

Милан со евентуална победа вечерва против Јувентус ќе се врати на врвот од табелата во Серија А, кој го изгуби синоќа, барем привремено, од Интер. На спротивната страна, Јувентус со победа и тоа како ќе се вмеша во борбата за титулата во Серија А. Двете екипи негуваат офанзивен фудбал и знаат да одиграат ефикасни натпревари, а со сигурност така ќе биде и вечерва.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.20)

 

1652 – Лувен – Ст. Труден (19:15)

Дуел од првенството на Белгија во кој се среќаваат две екипи кои се во средината на табелата. 11 од нивните последни 15 натпревари завршиле со голови во двете мрежи, а такво нешто се очекува и вечерва. Ст. Труден на последните пет гостување игра “гол-гол“, додека тоа е случај со последните четири натпревари на домашниот Лувен.

Предлог тип: ГГ & 1+I&1+II (1.99)

- Оглас -

Најнови вести