Барселона и Атлетико го играат мечот на сезоната во Ла Лига, зачин е што никому не му одговара реми

Барселона ќе го брани непобедливиот бедем „Камп Ноу“ за Атлетико Мадрид во најважниот меч во сезоната во Ла Лига што ќе се игра денеска од 16.15 часот.

Гостите ќе го почнат големото дерби од лидерската позиција со 76 бода, два повеќе од главните ривали за титулата Барселона и Реал Мадрид.

Проблем им е традицијата која вели дека не ја победиле Барселона на „Камп Ноу“ од 2006 година, но ги охрабри Диего Симеоне, кој е оптимист како и играчите на Атлетико.

„За се има првпат во животот, па нека биде за нас со победа на Камп Ноу по 15 години пауза“, вели Симеоне. Главен адут на гостите ќе биде поранешната ѕвезда на Барселона, Луис Суарес, кој игра извонредно и за Атлетико и со 19 гола е четврти стрелец во Ла Лига.

Атлетико ја победи Барселона со 1:0 во првиот дел од сезоната и ако не загуби ќе има голема предност и во бодови и во меѓусебниот скор со ривалот од Каталонија.

Токму правилото за подобар меѓусебен скор што одлулува за титулата при ист број на босови на крајот на сезоната не му дава комоција ниту на Атлетико. И со реми би биле пред Барселона, но тогаш опасноста ќе им дојде од соседството од Мадрид и тоа од Реал.

Ако кралскиот клоуб ја победи утре Севилја во второто дерби на 35. коло во Ла Лига, тогаш ќе се израмни со Атлетико на врвот со по 77 бода, но има подобар меѓусебен биланс и ќе биде во предност во последните три кола.

Барселона нема избор, само победа ја остава во игра за титулата, а ниту тоа не им е гаранција за успешен крај, бидејќи Реал Мадрид има подобар меѓусебен скор и против нив.

Каталонците како загревање пред дербито и за специјална мотивација на играчите потсетија на најубавиот гол за април. Се знае, го постигна волшебникот Лионел Меси против Атлетик Билбао, а од Аргентинецот и денеска се очекува да ја предводи Барселона до нова победа на „Камп Ноу“ против Атлетико Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести