Неверојатен дуел одиграа Барселона и Атлетико Мадрид во првата пресметка од Купот на Шпанија, а на крајот резултатот е 4:4. Реваншот ќе се игра на 2 април во Мадрид, кога ќе биде познат и патникот во финалето. Интересно е дека на „Монжуик имаше осуммина различни стрелци“.
Шоуто започна уште во првата минута. Во 19-тата секунда Атлетико го имаше првиот шут, по кој добија корнер. Од тој корнер, Хулијан Алварес погоди за водство за гостите од 1:0.
Еуфоријата на Атлетико продолжи и во шестата минута, кога Антоан Гризман донесе нова радост за гостите и водство од 2:0.
Ова водство на Атлетико не ги збуни домаќините. Барселона тргна фуриозно и тоа се исплатеше. Во периов од 19-тата до 21-вата минута каталонскиот гигант постигна два гола и стигна до израмнување. Погодоците на Педри и Кубарси може да ги видите ТУКА.
До крајот на првото полувреме, Барселона целосно го сврте резултатот во своја корист. По голот на Кубарси, во листата на стрелци се запиша и вториот стопер Мартинес, и тоа речиси на идентичен начин на кој претходно погоди неговиот соиграч. Со овој гол на Мартинес, Барселона стигна до 3:2 на полувреме.
Во вториот дел Барселона беше тимот кој прв погоди. Се играше 74-тата минута кога Ламин Јамал асистираше, а Роберт Левандовски погоди за 4:2.
Иако прими четири гола по ред, Атлетико не се предаде, па во 84-тата минута со голот на Маркос Љоренте постигна и трет гол, но тука не беше крајот. Во 90+3 минута, Атлетико Мадрид направи контранапад, а Сорлот погоди за 4:4.