Барселона и Атлетико се поатрактивни од Реал и Валенсија

Барселона и Атлетико Мадрид ќе играат пред полн стадион на „Кинг Абдула“ во Џеда, во четврток и сите 62 илјади влезници се веќе распродадени за второто полуфинале од шпанскиот Суперкуп.

Ден претходно ќе играат Реал Мадрид и Валенсија, а за тој меч се уште има уште околу 10 илјади влезници за продажба.

Четирите најдобри екипи од ланското првенство во Шпанија ќе играат за пехарот во Суперкупот, за првпат во овој формат и за првпат надвор од својата земја.

Интересно е што има голем интерес и за финалето во Саудиска Арабија, иако не се знае кои екипи ќе играат за трофејот, а веќе се продадени 35 илјади билети. Мечот за трофејот ќе се игра во недела. Премиерата на шпанскиот Суперкуп е утре од 20 часот.

Реал Мадрид и Валенсија ќе се судрат меѓусебе во битка за прв финалист, а следната вечер исто така од 20 часот за вториот учесник во големото финале ќе одлучуваат Барселона и Атлетико Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести