Барселона и Баерн дадоа гол во иста минута (Видео)

Дефанзивецот Ленгле покажа дека знае одлично да се снајде и во нападот и погоди со глава, за водство на Барселона против Наполи на Камп Ноу. Ова водство на Барселона не му менува многу на Наполи, затоа што гостите и понатаму со еден постигнат гол се во рамноправна игра за влез во четвртфиналето, затоа што првиот дуел во Неапол заврши 1:1.

https://youtu.be/OXPRhMmRzh4

Речиси во исто време кога Барселона се израдува на погодок, во Минхен на „Алијанц Арената“ погоди и Роберт Левандовски. Полјакот го продолжува гол шоуто откако беше прецизен од пенал за водство против Челзи. Баерн имаше предност и од 3:0 по првиот меч во Лондон, па ова е само потврда дека Баерн ќе оди во следната фаза.

https://youtu.be/Wt_qjmQygx4

- Оглас -

Најнови вести