Барселона и Баерн имаат заеднички спасител – Кутињо

Еден играч може да биде спас за два гиганти. Филипе Кутињо е фудбалерот кој треба да си замине од Барселона, а Баерн Минхен е клубот кој мора да најде квалитетен офанзивен играч од средниот ред. Во една таква ситуација, многу веројатно е дека ќе дојде до договор од кој ќе бидат задоволни и клубовите, но и Бразилецот.

Кутињо нема загарантирано место во првиот тим на Барселона, а и навивачите сакаат да си оди од „Камп Ноу“. Баерн се надеваше дека ќе успее да го доведе Лерој Сане од Манчестер сити, но тој трансфер пропадна, откако играчите на англискиот првак ги повреди лигаментите на коленото и мора да оди на операција, која ќе го одалечи од теренот во следните неколку месеци.

Во таква ситуација, за Баерн би била одлична опција доведувањето на Кутињо во Минхен. Барселона би се „спасила“ од играчот кој не ги оправда очекувањата, но и би добила и добра сума на пари, кои би биле предвидени за евентуален трансфер на Нејмар во Барселона.

Опција за овој трансфер постои, само останува двата гиганти да се договорат.

 

- Оглас -

Најнови вести