Диего Армандо Марадона несомнено е еден од најдобрите фудбалери кои некогаш го играле овој спорт.
Екипите на Барселона и Бока јуниорс на 14 декември во Ријад, Саудиска Арабија, ќе одиграат меч во негова чест, во купот што го носи токму името на починатата легенда.
Марадона токму од Бока во 1982 година премина во редовите на каталонскиот гигант, од каде што следуваше неговата успешна европска авантура, па се врати во родната Аргентина, каде што ја заврши кариерата во тимот од Буенос Аирес.
Легендарниот Аргентинец почина минатата година на 60-годишна возраст во родната држава од срцев удар.