14.8 C
Skopje
среда, 5 ноември 2025

Барселона и Челзи се фаворити на гости, Њукасл, Ајакс и Олимпик треба да ја бранат честа на домаќините

6017 Њукасл – Атлетик Билбао (21 ч.)

Англискиот тим е во добра позиција затоа што има две убедливи победи во Лигата на шампионите, а сега е фаворит на свој терен. Сепак, шпанските екипи секогаш биле посебно опасни, па затао и Атлетик не смее да се отпише.

Двата тима сакаат да играат отворено и офанзивно, па може да очекуваме дуел со повеќе погодоци.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.65)

 

6016 Олимпик Марсеј – Аталанта (21 ч.)

Дуел на две екипи кои реално може да се борат за позиции кои носат бараж за влез во нокаут-фазата. Аталанта дури седумпати во последните осум меча играше со не повеќе од два гола на меч, од кои шестпати беше нерешено.

За разлика од калчолигашот, Олимпик Марсеј игра без многу калкулации. Тоа е тим кој е втор во француското првенство, сака да нападне и да постигнува голови за победа.

Предлог тип: 1Х&0-3 (2.13)

 

6010 Карабах – Челзи (18:45 ч.)

Екипата на Карабах е едно од најпријатните изненадувања и има шест бода по три кола. Челзи исто така е со шест бода, но јасно е дека Англичаните се фаворити на ова гостување.

Пред осум години овие два ривала играа во ЛШ и Челзи победуваше убедливо со 6:0 дома и 0:4 на гости. Сега може да биде потешко, но сепак Челзи е фаворит.

Предлог тип: 2&1+I&3+ (2.06)

 

6014 Бриж – Барселона (21 ч.)

Бриж е екипа која знае да направи изненадување и против големи фаворити, но сепак тешко дека домаќините ќе може да ѝ парираат на Барселона.

Белгискиот тим игра без многу калкулации и сака да биде офанзивен, па сигурно и против каталонскиот гигант ќе сакаат да се надигруваат и да покажат дека имаат квалитет.  Барселона има очајна одбрана која прима гол во последните осум меча (во сите тие осум меча игра ГГ3+).

Предлог тип: ГГ4+ (1.99)

 

6012 Ајакс – Галатасарај (21 ч.)

Ајакс е само еден од двата тима кои немаат освоено ниту еден бод во ЛШ по три кола. Холандскиот гигант убедливо губеше од Интер, Марсеј и Челзи, но сега на свој терен е во можност конечно да се израдува барем на еден бод.

Галатасарај има шест бода и Турците се полни со оптимизам пред овој дуел. Интересно е дека во јануари оваа година овие два тима играа во лигашкиот дел од Лигата на нациите, и тоа во Амстердам кога Ајакс славеше со 2:1.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.80)

 

- Оглас -

Најнови вести