Барселона и Еспањол го почнаа градското дерби со провокации на социјалните мрежи

Местоположбата на табелата не е важна кога се игра градско дерби. Барселона никогаш однапред не може да смета на сигурни три бода против Еспањол, без разлика на квалитетот на екипите, па затоа и веќе почнаа ситните провокации во пресрет на дуелот закажан за задутре во 21 часот.

Од Барса со видеоснимка потсетија на минатото во кое Абелардо (од неодамна тренер на Еспањол) играше за нив дури 257 меча, а неколку часа подоцна и од Еспањол вратија, па „ископаа“ фотографии и снимка на кои се гледа Валверде (тренер на Барселона) во дресот на Еспањол. Валверде за Еспањол одигра 87 меча, а како тренер на клупата на овој клуб седеше на 99 официјални средби.

- Оглас -

Најнови вести