Барселона и Фенербахче се фаворитите на денот

3020 Пиза – Калјари (18.00 часот)

Домашните се во мини-криза, имаат два пораза во последните три кола, додека Калјари осум кола по ред (три победи и пет ремија) не знае за пораз и има еден бод повеќе од Пиза во трката за плејоф кој води во Серија А. Ова е дуел на два тима кои многу често играат нерешено, па и овојпат иксот е најреален знак. Пиза има серија од пет меча по ред со 0-2 гола, а на последните десет средби, само еднаш одиграа меч со 3+ погодоци. Во ноември, кога овие два тима се сретнаа на Сардинија, дуелот заврши со резултат 1-1.

Предлог тип: Х било кога (1.72)

 

1021 Бристол сити – Мидлсборо (18.30 часот)

Мидлсборо има 15 бода повеќе од Бристол, но во последните две кола гостите губеа, а домашните освоија четири бода. Мидлсборо најверојатно ќе игра плејоф за пласман во Премиер лигата и победата им треба за да се зацврстат на позиција која носи некаква предност за разигрувањето. Мидлсборо во последните шест кола секогаш игра мечеви со 2-6 голови. Есеноска беше 1-1, а Мидлсборо на гостински терен нема нерешено уште од 17 август.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.96)

 

1957 Караѓумрук – Фенербахче (19.30 часот)

По поразот од Бешикташ во минатото коло, Фенербахче веројатно се прости од титулата, а вечер тимот на Џани Алиоски има непријатно гостување кај екипа која пет кола по ред нема пораз. Караѓумрук, чиј тренер е Италијанецот Андреа Пирло, е една од двете екипи со двоцифрен број нерешени резултати во турската лига, а од друга страна, Фенер во 25 кола има само три ремија. На двата тима посилна страна им е нападот отколку одбраната. Последниот меѓусебен дуел им беше пријателски, во февруари, заврши 4-2 за Фенер, а последното лигашко соочување во октомври беше спектакл, 5-4 за Фенер со победнички гол во 95-тата минута.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.75)

 

1361 Барселона – Жирона (21.00 часот)

Барса почна да прави математики кога најбрзо би можела да ја освои титулата, додека нивниот каталонски сосед Жирона засега е безбедна со седум бода над зоната на испаѓање. Домашните се раздрмани по дебаклот во Купот, но вечерва се големи фаворити, одат по петтата победа по ред, иако ќе ги нема Педри, Де Јонг, Дембеле и Кристенсен. Во јануари во Жирона, Барселона победи со 1-0, а стрелец беше Педри, кој ќе го нема вечерва.

Предлог тип: 1 Сигурна (2.03)

 

1321 Алавес – Андора (21.00 часот)

Со двете победи по ред од по 1-0, Алавес најави дека не се откажал од битката за директен влез во шпанската Примера. Андора е 11-та, има серија од пет меча без пораз, но Баскијците се тие на кои бодовите им се попотребни. Алавес шест меча по ред игра неефикасни мечеви со 0-1 гол, а и во октомври на гостувањето кај Андора, Алавес победи со 1-0, па кај овој пар голеадата се исклучува како опција.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.25)

- Оглас -

Најнови вести