Интер Мајами го одигра претпоследниот пријателски меч на турнејата во Јужна Америка. Меси и другарите гостуваа во Еквадор и одиграа пријателски меч против екипата со славно име – Барселона, но не онаа од Каталонија, туку од Гвајакил.
Натпреварот заврши нерешено, 2-2, иако Интер Мајами беше поблиску до победата, но Еквадорците во самиот финиш успеаја да се спасат од пораз. Лионел Меси беше стрелец на првиот гол, додека за вториот асистираше.
До почетокот на новата сезона во МЛС лигата, Интер Мајами ќе одигра уште еден меч, против Индепендиенте дел Вале во Бајамон, Еквадор.

