Барселона и Јунајтед поставија рекорд, играа пред најмногу гледачи во историјата на Лигата на Европа

Спектаклот меѓу Барселона и Манчестер јунајтед кој заврши беа победник (2:2), испиша историја во Лигата на Европа.

Мегапресметката на „Камп ноу“ ја следеа 90.225 гледачи, што е најмногу во историјата на натпреварите во Лигата на Европа.

Досегашниот рекорд на најмногу гледачи на натпревар во второто по квалитет европско клупско натпреварување изнесуваше 80.465 гледачи, кои на стадионот „Вембли“ го следеа мечот меѓу Тотенхем и Гент во 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести