Барселона и Јувентус договорија размена на тројца фудбалери

Барселона и Јувентус постигнаа договор во кои се вклучени тројца фудбалери, тврди каталонскиот Спорт. Според пишувањата, Старата дама ќе плати 25 милиони евра и ќе ги даде Миралем Пјанич и Матеја де Шилјо за да го добие Нелсон Семедо. Ваквиот развој на договорот е затоа што Барселона го процени Семедо на 50 милиони евра.

Двајцата играчи на Јувентус веќе ги договориле личните услови со Барселона, додека португалскиот репрезентативец допрва треба да договори по кои услови ќе дојде во Торино. Овој троен трансфер ќе биде комплетиран по завршување на продолжената сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести