1152 Евертон – Манчестер јунајтед (20 ч.)
Евертон има седум меча без пораз (три победи и четири реми), па Карамелите полни со оптимизам го чекаат овој меч. Дури шест од овие седум меча завршиле со не повеќе од два гола, а Евертон прими само четири гола, што само ја покажува сигурноста на дефанзивниот ред на домашниот тим.
Минатата сезона двата меча на овие два тима завршија со 0-2 голови, што е само уште еден податок дека може да биде „тврд“ меч, а сепак фаворитската улога ќе остане за Црвените ѓаволи.
Предлог тип: Х2&0-3 (1.87)
3737 Кремонезе – Наполи (18 ч.)
Наполи има одличен старт на сезоната како во Серија А, така и во Лигата на шампиони. Наполитанците се одлично во офанзивниот ред и даваат многу голови, а Кремонезе е ривал како измислен за да се продолжи оваа низа.
Кремонезе уште нема победа во осум кола, во кои прими дури 15 голови, па домаќините имаат мали шанси сега да се радуваат.
Предлог тип: 2&2-5 (1.88)
1405 Барселона – Селта Виго (21 ч.)
Кога играат овие два клуба, тоа најчесто е „фестивал“ на погодоци. Последните шест меча секогаш биле со 3+ погодоци, а ако се погледнат последните 16 дуели на овие екипи, имало дури 68 голови, односно во просек 4,25 погодоци по меч.
Каталонскиот гигант посебно кога игра на „Камп Ноу“ е фаворит, а победа на тимот на Чави ќе биде многу вредна во враќање на самодовербата пред возвратниот дуел против Интер во Лигата на шампиони.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.87)
2906 Херенвен – ПСВ (16:45 ч.)
Кога се работи за меч во холандско првенство, прва асоцијација се погодоците. Токму тоа е и за дуелите на овие два клуба. На неверојатни 12 од последните 14 меѓусебни меча, двата тима постигнувале барем по еден гол, односно било гол-гол комбинација. Од тие 12 ГГ комбинации, дури осум пати било ГГ3+, па едноставно тука треба да се следи оваа традиција.
Предлог тип: ГГ3+ (1.97)
2508 Розенборг – Валеренга (19 ч.)
Дерби во Норвешка, каде Розенборг се обидува да ја задржи позицијата што носи излез во Европа. Валеренга има 42 бодови од 24 кола, односно само два помалку од нивниот денешен домаќин.
Розенборг сезонава дома во 11 меча има дури девет победи и само две нерешени без пораз, што само потврдува за нивната сигурност пред своите фанови.
Предлог тип: 1 (2.02)

